Соопштение

На  3-та седница на ИО на Синдикалната организација на Оператор на електропреносниот систем на Македонија, Акционерското  друштво за пренос  на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост, Скопје, со скратено име СО на МЕПСО –Скопје, одржанa на ден 16.11.2018 година , во Т.7 беше донесен

ЗАКЛУЧОК

Врз основа  на активностите кои треба да се превземат   од СО на МЕПСО,  со лично потпишување на пристапница од вработените во АД МЕПСО ,  доброволното  пристапување  во Синдикатот и Синдикалната организација на МЕПСО, се ограничува заклучно со ден 28.02.2019 година.

Бидејќи ИО е конституиран со определен временски рок со траење од 6 месеци, доброволното пристапување во Синдикатот и Синдикалната организација на МЕПСО ќе може сите вработени кои не се зачлениле со лично потпишување на пристапница  до 28.02.2019  година,  да го  реализираат истото,  во текот на 2019 година во легална и легитимна  постапка  по организирање на  избори по синдикалните одделенија на Синдикалната организација на МЕПСО.

Претседател на СО НА МЕПСО

Горан Стојановски