Синдикална организација на МЕПСО – Скопје , со скратено име СО на МЕПСО, со седиште на ул: Максим Горки бр. 4 – Скопје, е формирана согласно пријавата од 28.09.2018 година и одобрувањето на уписот на ден 01.10.2018 година во Централен Регистар на РМ, со деловоден број 30120180015448.Од Министерство за труд и социјална политика добиена е Репрезантитивност со Решение бр. 08-5437/5 од 03.08.2018 година.
Синдикалната Организација на МЕПСО е доброволна и независна Синдикална организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на работниците, остварување и заштита на економските, културните и другите права и интереси на своето членство.
Синдикалната организација може да се здружува и соработува со меѓународни синдикални организации, чии синдикати се основани за остварување на правата и интересите на синдикатите.
Синдикалната организација дејствува на територија на Република Македонија и нејзината работа е јавна и транспарентна.
Во изразување и заштитита на интересите, Синдикалната организација на МЕПСО поаѓа единствено од волјата на своето членство чија активност ја објавува во сопствената Програма за работа, објавувајќи ја во овој статут.
Синдикалната организација во изградување на своите ставови и остварувања на своите цели е независна и самостојна организација во однос на државни органи и институции, политички партии и управни органи, работодавни органи во Друштвото, верски и други организации и е партнер носител која Синдикална организација по пат на преговори и надзор ги застапува интересите на своите членови.
Синдикалната организација учествува во донесување на одлуки и ставови во здруженијата и асоцијацијата каде што членува.
Синдикалната организација доброволно се здружува или истапува од здруженија и асоцијации во Републиката и пошироко.
СО на МЕПСО делувањето го заснова на следните принципи:
Членството во Синдикалната организција на МЕПСО е доброволно, со слободно изразена волја и лично потпишување на пристапница за зачленување.
Синдикалната Организација на МЕПСО е доброволна и независна Синдикална организација која се бори за остварување, унапредување и заштита на работниците, остварување и заштита на економските, културните и другите права и интереси на своето членство.